Centar.mk
АВТО ЦЕНТАР

МРАЗ НА СТАКЛАТА, А ВИЕ БРЗАТЕ НА РАБОТА? – Пет работи што треба да ги направите пред да тргнете со автомобилот

Студените ноемвриски утра често им создаваат дополнителни проблеми на возачите. Кога температурата паѓа под нулата, на стаклата може да се формира мраз, гумените делови да се залепат за каросеријата, а акумулаторот да работи со намален капацитет.

Пред тргнување најважно е да се исчистат целосно ветробранското стакло, страничните стакла, ретровизорите, светлата и регистарските таблички. За одмрзнување користете соодветна стругалка и течност наменета за зимски услови. Не истурајте врела вода врз замрзнато стакло, бидејќи наглата температурна разлика може да предизвика негово оштетување.

Проверете дали бришачите се одлепени од стаклото, дали прскалките имаат зимска течност и дали пневматиците се во соодветна состојба. Возењето треба да започне дури кога видливоста е целосно обезбедена. На студени коловози возете со поголемо растојание и избегнувајте нагли маневри.

Можеби ќе ве интересира

КОГА ПОПРАВКАТА ЧИНИ ПРЕМНОГУ – Како да одлучите дали да го замените стариот автомобил

ДЕСК

НОВ КОНКУРЕНТ НА ПАЗАРОТ ЗА ТЕРЕНЦИ – Американска компанија најавува пикапи и SUV-возила за 21.500 долари

ДЕСК

BMW СО ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Над 720.000 автомобили да се паркираат надвор поради ризик од пожар

ДЕСК