Centar.mk
фото Влада
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на денешниот настан со МОН и дали има решение за студентскиот оброк, изјави:

„Решението е јасно, решението е на маса. Сега гледаме како тоа да го операционализираме заедно со Генералниот секретаријат, Министерството за дигитална трансформација и се разбира Министерството за образование и наука.

Мислам дека сме на добар пат и тоа што ќе го креираме овој пат е навистина нешто иновативно. Нешто кое што ќе им помогне на студентите да се стекнат со поголеми права за споредба со тоа што денеска го имаат и поголеми привилегии, многу поголеми од тоа што денеска го имаат. Така што кога ќе имаме конечен производ, а се очекува многу скоро денеска, ќе ги поканиме студентите и медиумите, да сето тоа го презентираме на јавноста.“

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – „Ниту една повеќе“ повикува на собир од 17 часот

ДЕСК

ВО 11 ЧАСОТ ЈАВНА СРЕДБА ЗА ЗАШТИТА НА ЖЕНИТЕ – Експертите ќе разговараат за пристапот до правда

ДЕСК

ТРИ СУДСКИ ПОСТАПКИ ЗА СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК – Пресметките на МОН покажуваат 156 денари дневно

ДЕСК