27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАЛОКАЛНО

Битиќи од Демир Капија: За четири години реализиравме над седум илјади проекти на локално ниво и ги раздолживме општините

Начекавме локална самоуправа клекната на колена и дадовме 50 милиони евра за да се раздолжат општините, затоа што не смее граѓаните да страдаат поради недомаќинското работење на претходниците, кажа потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи од трибината во Демир Капија. Тој додаде дека биле наменети 500 милиони евра за проекти на локално ниво и дополнителни 35 милиони евра за 90 проекти на општинско ниво преку ТАВ програмата.

-Директните програми за општински и локални проекти изнесуваат повеќе од сто милиони евра. За четири години на локално ниво над седум илјади проекти низ целата држава, кажа Битиќи.

Битиќи потсети дека за само четири години е зголемена минималната плата за над шест илјади денари, зголемена е и просечната плата, а неработеноста е на историско најниско ниво од 15,9%.

-Обезбедивме и 1,2 милијарди евра за помош на граѓаните и бизнисите за време на пандемијата, со што спасивме 80 илјади работни места. Воедно исплативме рекордни 430 милиони евра за земјоделците, заклучи Битиќи.