5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ЛОКАЛНО

Лукаревска во Сопиште: Наместо рамномерен развој, Скопје го доби златниот кафез, а Сопиште ветер и магла, Сончев град изеде десетина милиони евра државни пари

“Почнавме од почеток, од минусно салдо во секој поглед и за само четири години до каде стигнавме, од изолирана и заробена држава до земја членка на НАТО, од сеење страв и магла до најтранспарентни во регионот, градиме инфраструктура, изградивме и реновиравме 60 градинки, 80 училишта, ги зголемивме платите и пензиите, ги поддржуваме земјоделците и младите”, рече заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибината во Сопиште.

“Ние ги враќаме парите на граѓаните, а тие потрошија милијарди и милијарди ваши пари, без да ве прашаат што ви треба, зашто знаеја што на нив им треба. Сега нема режим, нема страв, нема закани, нема ендеци, направете разлика и гласајте за “Најдоброто” за Сопиште, за кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз и коалицијата Сашо Стојановски, за советничката листа предводена од Драган Змејковски. Со подршка на Владата Сопиште ќе се развива така како што сакаат граѓаните, градиме она што им е потребно на граѓаните, затоа што разговараме со граѓаните, ги слушаме, затоа што имаме план и визија, затоа што го имаме Најдоброто.

Народот најдобро знае што му треба.

Затоа на 17 октомври охрабрете се, направете избор.

Гласајте за бројот 12, Гласајте за подобро Сопиште, за побрз развој.

Гласајте за НАЈДОБРОТО!, велат од СДСМ.

Спонзорирано: