Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Гевгелија: Мицкоски се покажа дека не е ништо друго освен маската на Груевски

Стари режимски кадри и нова иднина не одат заедно! Не може луѓе свртени кон минатото да реализираат иднина. Додека не се реформира, ВМРО-ДПМНЕ не може да ја добие довербата од граѓаните на кои било избори, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев од митингот во Гевгелија. Тој кажа дека власта го продолжува развојот на домашен план со проекти во општините на дело, а и со натамошно интегрирање на државата на меѓународен план.

-Сега заклучете почитувани граѓани, кој вложува во сегашноста и ја обезбедува иднината – а кој го руши сработеното и враќа во минатото.

Кој се грижи за вас и гради во вашата општина и во државата – а кој ги блокира вашите животи, стои на патот на вашите деца, ви краде пари и ги урива перспективите на државата. Јасно е како бел ден. СДСМ и коалицијата инвестира во сегашноста и создава иднина. И со нас – Денес, може да го видите јасното – Утре. Тоа се перспективи, иднина и можности.

Другото не е алтернатива, не е понуда. Другото е ВМРО-ДПМНЕ којашто работи на создавање проблеми. Таа партија е со речиси исто раководство како од времето на режимот. 2/3 од нив се обвинети за криминал и корупција. Мицкоски се покажа дека не е ништо другот освен маската на Груевски, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК