22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Родители, внимавајте! Во сообрајќајот, вие сте примерот кој го следат вашите деца

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот апелира до ротелите да бидат пример за однесувањето на децата во сообраќајот, односно да ги научат најмалите како безбедно да ја поминат улицата, но и да ги препознаат ризикот и опасностите во сообраќајот. Секое незнаење има своја цена, но незнаењето во сообраќајот чини загубени човечки животи, велат од Советот.

„Почитувани родители! Да ги научиме децата како безбедно да поминат улица, да ги научиме безбедно да користат јавен превоз. Да не ги оставаме малите деца од предучилишна возраст сами на улица, а исто така да се погрижиме и за нивнта безбедност додека се вклучени во сообрајќајот! Децата треба да користат детски седишта, појаси и заштитни шлемови, а децата до десетгодишна возраст да не возат велосипед на јавен пат или улица! Исто така , не дозволувајте деца да седат на предното совозачко седиште!“, апелира Републичкиот совет.

Родителите пак, на повозрасните деца кои се подготвуваат да станат возачи би требало одговорно да го запознаат своето дете со сериозноста од вклучувањето во сообрајќајот како возач.

„Заради поголема безбедност на младите возачи, почетници, да се погрижиме да им обезбедиме дополнителни часови за обука, со возач инструктор или со друг искусен возач кој ќе им даде насоки за тоа каков треба да биде односот на младиот возач кон децата во сообрајќајот, кон пешаците и велосипедистите. Обуката би можела да опфати обука за вешто возење во услови на дожд, магла, замрзнати коловози и во услови на ноќно возење. Родители! Грижете се за безбедноста на вашите деца во сообрајќајот! Секое ваше однесување, децата го прифаќаат како свое. Затоа да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообрајќајот“, порача Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во среда, четврток и петок (12, 13 и 14.10.2022) во Скопје

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

M T

Затворен сообраќајот на патот Маврово – Никифорово – Леуново поради велосипедска трка

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

Возачите да бидат внимателни, а децата запознаени со сообраќајните правила, апелира советот за безбедност во сообраќајот

M T