Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Герасимовски: Ќе водам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска го потпиша Кодексот за фер и демократки избори. Герасимовски се обврза на фер избори со почитување на сите закони, правила и прописи како и почитување на владеење на правото при организирањето и спроведувањето на изборите.

„ Јас ќе имам фер и позитивна кампања со почитување на сите учесници и противкандидати. Да ги соочиме идеите и проектите и да имаме конструктивни дебати, само така граѓаните ќе може да го направат вистинскиот избор. На овие избори да покажеме дека политички сме созреале како општество за да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите“, изјави Герасимовски.

Спроведувањето на фер и демократки избори е почитување на основните човекови права, тоа е зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата и градење на доверба во изборниот процес. Отчетни избори значат зрело општество кое ги почитува способностите на кандидатите.

Герасимовски при денешното потпишување на Кодексот за фер и демократски избори исто така се обврза дека преку почитување на законот нема да ги користи државните капацитети и потенцијали и со тоа ќе спроведе еднаквост во кампањата и етичко известување за истата.

Согласно состојбата со коронавирусот, Герасимовски како учесник во изборниот процес ќе ги почитува и мерките за заштита на граѓаните, во секоја фаза од изборниот процес.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК