Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по обвинувањата на пратеникот Венко Филипче кон Славјанка Петровска за криминал тежок 37 милиони евра

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани претставници на медиуми,

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и потврди скандал каде што има основен сомнеж за криминал.

Тој изјави, цитирам: „Славјанка Петровска потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“.

Пратеникот и лидер на СДС, Венко Филипче, јавно излезе со обвинување против пратеничката од редовите на СДС и екс-министерка Славјанка Петровска.

Не може да се игнорира овој скандал кој го обелоденува токму Венко Филипче. Тука сме да му помогнеме нему и да побараме токму од Јавното обвинителство, по допрен глас, да реагира и да го сослуша Венко Филипче за, како што самиот обвини, криминалот на Славјанка тежок 37 милиони евра.

Го поддржуваме и поттикнуваме Венко Филипче да не молчи и да каже сè што има за Славјанка Петровска. Очекуваме итно и неодложно Јавното обвинителство да отвори предмет и да реагира.

Почитувани,

Правда мора да има и добро е што Венко Филипче почна да зборува. Веруваме дека има уште многу повеќе да соопшти за криминалот во таборот на СДС.

фото видео ВМРО ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК