Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ упорно ги кочи законските измени за недела неработен ден

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за труд и социјална политика немаат намера да се откажат од блокирање на измените на Законот за работни односи за недела неработен ден, обвинуваат од СДСМ.

„Овие законски измени создаваат можност 92 отсто од вработените да одмараат во недела и да создадат рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против работниците кои чесно си ја заработуваат платата?“, се вели во реакцијата од владејачката партија.

Според СДСМ, на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ освен нивните лични и партиски интереси не им е важен никој.

„Ваквото деструктивно однесување од ВМРО-ДПМНЕ е вообичаена пракса. Тие уште се противат 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. ВМРО-ДПМНЕ е против работниците, против наставниците, против здравствените работници, против припадниците на Армијата“, стои во партиското соопштение во кое се нагласува дека токму затоа на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе доживее нов, седми пораз.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК