Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето значително се менува, УХМР издаде метео предупредување за пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре ќе биде натпросечно топло, а во западните делови ќе дува засилен западен ветер (со брзина и над 70 км/час), што ќе продолжи и во следните денови.

Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне.

Прогноза за 18.09.2021
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 25°C до 35°C
Умерено облачно со слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од северозападен правец. Преку денот ќе биде нестабилно со локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во северните делови ќе се намали за неколку степени.

Прогноза за 19.09.2021
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 25°C до 34°C
Претпладне променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја на запад. Попладне умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец.

Прогноза за 20.09.2021
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК