Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија на Груевски, знае само за лаги и блокади

– ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија која се уште функционира како во времето на нејзиниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски, велат од СДСМ.

– Таа партија предводена од Мицкоски знае само за лажни вести, блокади и деструкции.

ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира.

Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, беше против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец.

Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Малолетник нападнат среде бел ден во Ѓорче Петров

ДЕСК

Почината жена донесена во градска

ДЕСК

Метеоролозите со нови најави за времето – Метеоцентар со детална 4 дневна прогноза

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.