8.8 C
Скопје
23. септември 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Бислимоски од состанокот на Одборот на регулатори од Енергетската Заедница во Атина: Владите во регионот мора да продолжат со инвестициите во енергетскиот сектор

Само преку одговорно менаџирање со енергетските капацитети, сложените состојби на пазарот може да се амортизираат – порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски кој заседаваше со 49 Одбор на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина, Грција.

„Кога е во прашање енергетскиот сектор здравствената криза покажа дека компаниите чии услуги се насочени кон домаќинствата изградија практична општествено одговорна комуникација со своите потрошувачи и заеднички со нас регулаторите ги премостувавме кризните месеци кога пандемијата имаше пикови. За разлика од нив, дел од снабдувачите кои своите услуги ги даваат на компаниите покажаа поведение кое отвори дебата за регионално зајакнување на правилата во вонредни случаи. Како претседател на Одборот на регулатори ја пренесувам пораката до сите Влади во регионот дека мора да се продолжи со инвестициите во енергетскиот сектор што се гарант за безбедна и одржлива енергетска иднина“ изјави Марко Бислмоски претседател на Одборот на регулатори на енергетската заедница и претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Регулаторите од Албанија, Босна и Херцеговина, Грузија, Косово, Молдавија, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Украина го одржаа 49-тиот состанок. Состанок се одржа со ограничен број на физички присутни учесници но и беше овозможен он-лајн партиципација, поради состојбата со Ковид 19.