Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Хоџа: Вранец 12, Смедеревка 10 денари за килограм – Сите тие што предале грозје со цени 8 денари за смедеревка односно 10 за вранец, ќе им се додаваат по два денари од самите винарски визби за достигнување на договорените цени

Фејсбук статус на Аријант Хоџа, Министер за земјоделие:

Изразувам длабоко разбирање за вашата макотрпна работа и секако дека било која цена да се нуди за откуп на вашето грозје никогаш нема да биде праведна кога се споредува со трудот што го вложувате.

Овие денови заедно со премиерот Зоран Заев сме работеле интензивно за изнаоѓање на решение и во разговор со винарските визби успеавме да најдеме решение со тоа што се договоривме уште вечерва сите винарски визби да ги истакнат следните цени:

– Смедеревка 10 денари/кг, Вранец 12 денари/кг

Сите тие што предале грозје со цени 8 денари за смедеревка односно 10 за вранец, ќе им се додаваат по два денари од самите винарски визби за достигнување на договорените цени.

Како и што ветивме дополнителните 2 денари за предадено грозје ќе важат и за ова реколта, со тоа што разгледуваме можност за дополнителна подршка која заедно со здруженијата на лозарите ќе треба да ги дискутираме на следниот состанок што ќе се одржи во петок во МЗШВ.

Голема благодарност до премиерот Зоран Заев за неговата подршка во сите овие тензични денови беше вклучен во целата дебата за изнаоѓање на најдобро можно решение на проблемите на лозарите.

Остануваме посветени како Влада да бидеме меѓу земјоделците и за сите проблеми да наоѓаме најдобри можни решенија.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК