„Слободен печат“ повикувајќи се на свои добро упатени извори дознава дека меѓу настраданите кои се извлечени од огнот потоа, нема медицински персонал, а од запалената болница се извлечени живи десетина лица.
Медиумот известува дека бројката на загинати може да биде меѓу 10 и 15 лица. Инаку МЗ објави дека починале најмалку 10 лица, додека одредени медиуми спомнуваа и страотни бројки меѓу 30 и 39 лица.
Според првичните информации, кои „Слободен печат“ ги доби од терен, не се работи за експлозија на боци на кислород, бидејќи во тој дел нема боци, туку само довод на кислород, пишува медиумот.
– Неофицијално, не се исклучуваа можноста пожарот да е подменат, бидејќи минатата недела двапати се правени опструкции во работата на модуларната болница за што е алармирана и полицијата.
Имено, болницата барала редовни полициски контроли, па затоа, дознаваме, имало зголемена контрола од полициски патроли во делот околу болницата, пишува Слободен Печат.
– Некои од изворите се сомневаат дека во прашање е саботажа, која е планирана и изведена токму на најголемиот државен празник Денот на независноста, слично како и за 2. август кога додека се честувавше Илинден на Мечкин Камен, избија пожари во кочанско кои сериозно му се заканија на градот, пишува Слободен Печат.
Инаку Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува. Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар.


