Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Издадена наредба за обезбедување на видео снимките – продолжува увидот на обвинителите и надлежните

Продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово
09
СЕП 21
За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб.

Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал.

До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

Во исто време, издадена е наредба за обезбедување на снимките од видео надзорот во и околу објектот. Увидот ќе продолжи и во текот на денешниот ден, а јавните обвинители заедно со експертите на МВР, ќе ги обезбедат доказите за целосно расчистување на трагичниот настан.​

Можеби ќе ве интересира

СЕ ПОДГОТВУВА НОВ СИСТЕМ ЗА СТУДЕНТСКИ ОБРОК – Јаневска потврди дека се водат преговори

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПО УБИСТВОТО НА 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА – Вечерва собир во Богданци, во недела во Скопје

ДЕСК

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ ОСТАНУВААТ ОТВОРЕНО ПРАШАЊЕ – Мицкоски вели дека ставот на Владата не е променет

ДЕСК