Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Одземени 5 возила со бесправно исечени дрва во штипско

На 08.09.2021 од страна на полициски службеници при СВР Штип, во содејство со шумска полиција и претставници од Национални шуми – „Серта“ Штип, преземени се мерки со цел спречување на бесправна сеча и транспорт на огревни дрва, при што при извршена опсервација на подрачјето на селата Шашаварлија, Никоман, Калапетровци, Кошево и Почивало биле пронајдени и одземени 5 моторни возила натоварени со бесправно исечени огревни дрва, а при прегледот на терен биле пронајдени и одземени три моторни пили и еден мобилен телефон. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.

Одземените возила и бесправно исечените дрва се предадени на шумска полиција за понатамошна постапка.

За настанот запознаен е Јавен обвинител и по целосно комплетирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС во делот на економијата е небо и земја

ДЕСК

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

ДЕСК

Николоски на средба со вицепремиерот на Хрватска Олег Бутковиќ, суштински разговори за развој на коридорите и поддршка за решавање на проблемот на превозниците

ДЕСК