9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зоран Заев: Беше чест да се сретнам со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, којашто ги постави темелите на независноста на нашата држава

По повод 8 Септември, Денот на независноста свое обраќање имаше и премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Тој на својот фејсбук профил истакна дека е посебна чест да се сретне со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, којашто ги постави темелите на независноста на нашата држава.

Во продолжение следува статусот на премиерот:

“Беше чест да се сретнам со дел од пратениците на првиот состав на Собранието на самостојна Република Македонија, којашто ги постави темелите на независноста на нашата држава, на церемонијата за доделување на орденот „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Собрание, и на пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година.

Посебно чувство на благодарност и на почит се воспоставува на средба со претставниците на генерацијата која го понесе товарот на прогласувањето на самостојноста и на меѓународното признавање на нашата држава во редот на современите демократски држави.

Наша должност е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста, и да прифатиме дека сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме Северна Македонија за нас и за идните поколенија.

На сите што беа присутни на церемонијата кај претседателот Пендаровски, и на сите што не беа во можност да дојдат на оваа свеченост, им посакувам наскоро повторно да се видиме на 17 ноември кога ќе го одбележиме донесувањето на Уставот во 1991 со кој Република Македонија се конституираше како суверена и самостојна држава, и кога ќе им биде врачено посебно признание во име на Владата на Република Северна Македонија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пристигна предупредување од Фејсбук: Активирајте ги овие три поставки што е можно поскоро

M T

Фејсбук воведува нова опција: Оние кои нема да ги почитуваат правилата ќе бидат блокирани

M T

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Културните институции со отворен влез и изложби во чест на Денот на независноста – 8 Септември

M T

„Фејсбук“ повторно со проблеми, насекаде се појавуваат спам коментари на познати личности

M T

Преку Фејсбук се претставил дека е адвокат и измамил жена за пари

M T