Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Градоначалникот Шилегов на средба со градоначалникот на Тирана, Велиај

Градоначалникот Петре Шилегов денеска се сретна со градоначалникот на Тирана, Албанија, Ерион Велиај, кој е во еднодневна посета на нашата земја. На средбата, двајцата градоначалници разговараа за досегашната успешна соработка меѓу Скопје и Тирана и за можностите таа соработка меѓу двата збратимени града да се продлабочи.

На состанокот се зборуваше и за концептот на зелени градови, планирањето на просторот и за урбаната отпорност, актуелни теми кои ги засегаат и двете локални самоуправи.

Шилегов и Велиај дискутираа и за можностите за забрзан економски развој на Скопје и на Тирана и за концептот на паметни градови. Тие разменија позитивни искуства за одржливиот урбан транспорт, инфраструктурните решенија и подигнувањето на комуналната хигиена.

По средбата, двајцата градоначалници возеа велосипеди низ Градскиот парк, го посетија Дино паркот и направија прошетка до новата тартан патека во паркот.

Скопје и Тирана се збратимени од 2016 година и негуваат плодна соработка во повеќе области.

Можеби ќе ве интересира

орѓиевски, денеска беше домаќин на хрватската амбасадорка во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ

ДЕСК

Одржана четвртата седница на советот за превенција во Општина Илинден

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК