Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Филипче во Штип: Посветеноста на Сашко Николов е гарант за градење модерна и развојна општина

Актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за претстојните локални избори, Сашко Николов покажа дека само со планска и стратешка проценка се спроведуваат проекти кои се од витално значење за градот и граѓаните на Штип. СДСМ препознава што е најдобро и најпотребно за граѓаните на срцето на истокот.

Спроведените инфраструктурни проекти, во краткиот мандат на Николов се вистински пример што сѐ ќе добие Штип кога на 17 октомври штипјани ќе му ја доверат можноста на Николов повторно да раководи со градот.

‘Ми претставува огромна чест да говорам за личност како Сашко Николов. Се познаваме одамна, пред се како колеги во докторскиот занает, а потоа и како соработници, остварувајќи ги нашите должности во централната и локалната власт. Неговата посветеност кон пациентите, а сега и кон своите сограѓани е за секоја почит. Неговата темелност и одговорност се дел од неговиот работен кодекс, кој го следи неколебливо’ – во своето обраќање истакна потпретседателот Филипче.

Граѓаните на Штип знаат да ја препознаат најдобрата понуда на СДСМ и ќе ја искористат оваа можност да ја дадат својата доверба на човек кој секојдневно се залага за модерен, подобар, европски Штип.

Продолжуваме со успешните политики, продолжуваме во вистински правец. СДСМ работи темелно и детално, СДСМ прави разлика. Ги следиме интересите на граѓаните и како одговорна партија ги нудиме најдобрите кандидати кои ќе продолжат да создаваат општество со шанси и можности за сите.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +