Популарната апликација за размена на пораки и друга мултимедијална содржина WhatsApp за два месеци ќе престане да работи на некои постари модели на мобилни телефони. Се проценува дека ова ќе остави милиони луѓе низ целиот свет без можност да го користат.
Уредите што WhatsApp повеќе нема да ги поддржува вклучуваат оние со Android верзија 4.0.4 или постари верзии, како и iPhone телефони со iOS-9 или една од постарите верзии на тој оперативен систем.
Ова се околу 50 модели на мобилни телефони, и тие се:
Samsung: Galaxy Trend Lite, Galaxy Trend II, Galaxy SII, Galaxy S3 mini, Galaxy Xcover 2, Galaxy Core и Galaxy Ace 2.
LG: Lucid 2, Optimus F7, Optimus F5, Optimus L3 II Dual, Optimus F5, Optimus L5, Optimus L5 II, Optimus L5 Dual, Optimus L3 II, Optimus L7, Optimus L7 II Dual, Optimus L7 II, Optimus F6, Enact , Optimus L4 II Dual, Optimus F3, Optimus L4 II, Optimus L2 II, Optimus Nitro HD и 4X HD и Optimus F3Q.
ZTE: Grand S Flex, ZTE V956, Grand X Quad V987 и Grand Memo.
Huawei: Ascend G740, Ascend Mate, Ascend D Quad XL, Ascend D1 Quad XL, Ascend P1 S и Ascend D2.
Sony: Xperia Miro, Sony Xperia Neo L и Xperia Arc S.
Alcatel: One Touch Evo 7
Apple: iPhone SE, 6s и 6s Plus
Корисниците на поновите уреди на кои WhatsApp продолжува да работи до крајот на годината можат да очекуваат бројни вести како што се исчезнати пораки, групни повици и налепници.
Компанијата вели дека прекинувањето на поддршката за старите уреди WhatsApp ќе ја направи побезбедна.
Апликацијата, инаку, загуби голем број корисници на почетокот на годината поради промени во условите за користење, што некои луѓе го протолкуваа како напад на приватноста.