6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМААВТО ЦЕНТАРМОЗАИКИЗБОР

Како го држите воланот во автомобилот? – Откријте дали сте логичар, паничар, авантурист …

Начинот на кој го држите воланот во автомобилот може да каже многу за вашата личност. Токму затоа што таа акција е несвесна, може да открие многу за вас, што веројатно е длабоко скриено.

Постојат десет начини на кои возачите го држат воланот додека возат, а тоа открива какви се тие во животот.

Минималист – Едната рака е на воланот, другата на менувачот.

Се обидувате да живеете што е можно поедноставно. Имате тенденција да имате неколку добри пријатели отколку да бидете опкружени со многу различни луѓе. Тоа не значи дека сте здодевни – луѓето ве ценат, го почитуваат вашиот животен стил и дека не сте склони кон драматизација.

Логичар – Едната рака е на воланот горе, другата долу.

Вие сте многу разумен и рационален тип на човек. Вашето семејство неизмерно ве цени поради вашата способност да донесувате правилни одлуки и затоа што можат да се потпрат на вас. Склони сте кон промени во расположението, но се трудите максимално да го контролирате.

Миротворец – Двете раце се на средина на воланот.

Не сакате конфликти и ќе направите се за да ги избегнете. Понекогаш знаете да го кренете гласот кон некого, но тоа се случува многу ретко. Вие не толерирате непријателство меѓу луѓето и имате тенденција да најдете начини да ги помирите двете конфликтни страни, или да решите проблем.

Перфекционист – Рацете се во горната половина на воланот, раздвоени.

Го држите воланот како што ве учеа во школата за возење затоа што чувствувате дека треба да ги следите правилата и да правите се како што треба. Тоа е всушност вашето животно мото што ве прави успешни во животот. Многу луѓе околу вас сакаат да бидат како вас – вие сте нивниот пример.

Паничар – Рацете се на горната половина од воланот, многу блиску една до друга.

Честопати се борите со вознемиреност и имате тенденција да проверувате два, три пати она што веќе сте го направиле за да бидете сигурни дека се е во ред. Блиските луѓе постојано се обидуваат да ве смират и често ви велат да се опуштите. Тие го прават ова затоа што знаат дека сте прекрасна личност која се крие зад нивниот оклоп.

Авантурист – Едната рака е во средината на воланот.

Вие сте вистински пример за човек склон кон авантури. Секоја активност што ќе ви го подигне адреналинот ќе ве привлече. Пријателите и семејството често не се воодушевени од вашиот животен стил, но ве почитуваат вас и вашиот избор.

Лидер – Двете раце се на долната половина на воланот, разделени една од друга, со прстите свртени кон возачот.

Може да се каже дека сте роден лидер и дека преземате одговорност без никакви проблеми. Вие сте самоуверени и луѓето ве почитуваат како ментор, тие ви веруваат. Честопати ве фалат на работа за вашите лидерски способности.

Хранител – Двете раце се на долната половина на воланот, разделени една од друга, со прстите свртени од другата страна на возачот.

Луѓето ве сакаат затоа што ја чувствуваат вашата добрина и грижа. Среќни сте кога блиските луѓе постигнуваат нешто во животот и подготвени сте да ги поддржувате во секое време, па дури и кога успехот во нешто понекогаш недостасува. Не сте склони да бидете лидер и да постигнете нешто во животот или да промените нешто по секоја цена. Повеќе ја цените релаксацијата и душевниот мир, затоа прифаќате дека некои работи едноставно мора да бидат такви какви што се.

Супер тип – Едната рака е на врвот на воланот, а другата е лежерно навалена настрана.

Вие сте олицетворение на мирен и пријатен човек кој останува смирен во речиси секоја ситуација. За вас, секој ден е празник и не сакате да промените речиси ништо во вашиот живот. Пријателите и семејството уживаат да поминуваат време во вашето друштво, особено кога треба вистински да се релаксираат.

Булдожер – Едната рака е на воланот, другата на трубата.

Многу сте зафатени и немате време за луѓето кои ви стојат на патот. Соседите се восхитуваат на вашата решителност и амбициозна природа. Знаат дека секогаш можат да побараат поддршка од вас кога станува збор за сериозни животни ситуации.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Малолетен пешак тешко повреден по удар од автомобил

M T

Промена на акумулатор на автомобил стар 10 години – 30.000 евра

M T

Арачиновец со автомобил излета на поранешниот полигон под скопско Кале

M T

Тешко повредена жена од струшко откако автомобил излетал од патот

M T

Автомобил прегази маж на скопската обиколница, пешакот починал на лице место

M T

Тримесечно бебе почина во Вашингтон откако родителите го оставиле во автомобил

M T