3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Филипче-Најт: Со донација од САД, ЗД Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот

Импресивната соработка, помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки патнер САД во реализација на големи и за нас многу битни проекти во изминатите повеќе од 20 години во здравствениот сектор продолжува со заеднички прогресивни идеи и исти вредности – истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче кој беше во посета на Здравствениот дом во Пробиштип. Поводот за посетата на оваа здравствена установа, на која присуствуваа и генерал-мајорот Грегори Најт и вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мајер е донацијата на САД со која комплетно се реновирани просториите и влезот во Итната Медицинска помош, а ЗД Пробиштип е гасификациран и променета е кровната конструкција на објектот.

-Сакам да се заблагодарам за помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки партнер САД, во делот на менаџирање на ковид кризата, но и генерално во изминатите повеќе од 20 години, посебно во секторот здравство. Од почетокот на кризата помогнаа на Министерството за здравство со донација за нас многу битна во форма на лична заштитна опрема, заштитни маски, медицинска опрема – кажа министерот Филипче.

Министерот Филипче му посака добредојде на новиот заменик амбасадор, претставникот на Американската војска, и им се заблагодари на сите претставници на тимот кои работеа на овој проект.

-Овој проект е дел од една серија на проекти за зајакнување на здравствените институции во нашата земја и после Клиниката за неврологија, Детска хирургија, болницата во Демир Хисар, ургентниот центар во болницата 8ми Септември, ова е проект којшто е сега завршен и значи целосна енергетска ефикасност во делот на реконструкцијата на кровот и гасификација, со што овој објект е прв објект во Пробиштип којшто користи течен гас за затоплување и со ова е решен проблемот со загадувањето во овој дел. Нашата соработка продолжува, имаме тековни проекти, се реконструира Клиниката за максилофацијална хирургија и треба да започне реконструкцијата на Клиниката за хематологија. Искрено верувам дека оваа успешна соработка ќе продолжи и понатаму, ги делиме истите прогресивни идеи, истите вредности, како во делот на соработката во здравството така и на секое друго ниво – истакна министерот Филипче.

-Она што го гледаме денес овде во Здравствениот дом во Пробиштип е резултат на повеќедецениска соработка, што резултира со успех во корист на граѓаните на Пробиштип. Ви благодарам на сите присутни и за тоа што имав можност да го воочам навистина импресивниот одговор на Северна Македонија во ковид пандемијата, како и за реализираните донации кои доаѓаат од Владата на САД.
Нашата амбасада овде ја покажува широкоградата соработка и посветеноста која ја имаме за граѓаните на Северна Македонија. Со нетрпение ги очекувам и наредните 20 години партнерство со оваа земја – изјави генерал-мајор Грегори Најт.

Можеби ќе ве интересира

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија

M T

Филипче: Продолжувам да работам во интерес на пациентите и здравствените работници

M T

Филипче: Во 2022 година 5% зголемување на платите на сите вработени во здравство

M T

Филипче: Не се потребни дополнителни ковид мерки, ситуацијата е прилично мирна

M T

Филипче: Ургентниот центар во ГАК во Чаир опремен по сите европски стандарди

M T