Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

137 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, четири за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник, пет за минување на црвено светло, три за недавање првенство на минување на пешаци, четири за некористење сигурносен појас, четири за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги сториле возачи на велосипеди и моторцикли, 50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

ДЕСК

ИЗМАМА ВО ПРИЛЕП: Осуденик пријавил дека бил оштетен за 890.000 денари

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО КАРПОШ: Нарушен јавен ред и мир

ДЕСК