Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Богданка Кузеска: Слаба понуда во која ниту Мицкоски не верува, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, не се нови луѓе туку од режимот на Груевски

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ:

Прашање: ВМРО-ДПМНЕ денеска објави нови имиња за кандидати за градоначалници, како вие ги коментирате?

Одговор: Христијан Мицкоски повторно докажа денеска не верува во кандидатите, токму затоа денеска тој не се појави на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ за да ги објави нивните имиња.

Она што го слушнавме во голем дел се повторно имиња кои веќе имале држвни и локални функции од времето на режимот односно од времето на Никола Груевски и може да заклучеме дека навистина ова е понуда од немај каде, како едвај да нашле кандидати кои што се спремни да изгубат на претстојните локални избори. Она што е интересно, повторно од ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме кандидат за градоначалник во град Скопје и тоа повторно не води до заклучокот и јавноста треба да знае дека токму ВМРО-ДПМНЕ има многу мала доверба во главниот град, секако и во една од најголемите општини во градот Скопје – Центар каде што поддржуваат кандидатка од мал коалиционен партнер.

Секако гледаме дека ВМРО-ДПМНЕ маки мачат со кандидатите, но она што е интересно е дека ги преставуваат како нови и свежи, а како што напоменав веќе тие имале и државни и локални функции од времето на режимот, од времето на Никола Груевски што ова го потврдува фактот дека ВМРО-ДПМНЕ не работи на никаков концепт ,,Македонија за сите луѓе“ туку ова се сите луѓе на Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Осуденик нападнал друг затвореник со остар предмет во Затвор Прилеп

ДЕСК

ДРАМА ВО СОЦИЈАЛЕН ЦЕНТАР: Се заканувале, а едниот се обидел да ја нападне вработената

ДЕСК

Апсења на повеќе локации низ Скопје – Шест млади лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК