22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски и Маричиќ на средба со членови на граѓанската иницијативата за „Стоп за криминал во судството“

Вицепремиерот Љупчо Николовски и Министерот за правда Бојан Маричиќ одржаа средба со членови на граѓанската иницијатива „Стоп за криминал во судството“ кои водат спор преку институциите заради претрпена штета, од како што велат, корумпиран судија од Апелацискиот суд во Штип. Членовите од иницијативата изјавија дека ваквите проблеми датираат од пред десет години.

„ Ги уверив дека мојата посветеност ќе биде максимална сѐ додека вистински не дојде резултат. Но, ние нема да запреме тука. Следната крупна задача која ја ставивме во нашата агенда е и прочистување на Јавното Обвинителство. Мораме да ставиме крај на корупцијата во секоја пора на општеството” изјави Николовски.

Министерот за правда Бојан Маричиќ на средбата истакна дека ваквата иницијатива од страна на приватниот сектор е само доказ дека заложбата за функционална правна држава и функционални правосудни институции е заедничка.

„ Големиот број на разрешени судии е доказ дека работите ги придвижуваме кон она што целиме: правна држава во која владее правото. Ваквите процеси на прочистување на правосудниот систем не се воопшто едноставни и лесни, но јасно е дека промени се случуваат” рече Маричиќ

,,Промените се резултат на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор, особено донесувањето на Законот за јавното обвинителство и измените на Законот за Советот на јавни обвинители и ред други закони. Реформите тука не застануваат, тука започнуваат – преку нивна имплементација на дело. Граѓаните мораат да почуствуваат дека промени има и дека корупцијата реално се намалува”- додаде Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

M T

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023

M T