9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Царовска и Заев ја посетија новата спортска сала во Јегуновце, инфраструктурните инвестиции во образованието годинава се двојно зголемени

Добрата образовна инфраструктура го зголемува задоволството кај учениците од посетата и престојот во училиштето и го стимулира совладувањето на знаењата, а воедно значи и унапредени услови за работа и зголемена сатисфакција при работењето на наставниците и стручните соработници, што секако дава подобри резултати. Затоа, инфраструктурните инвестиции во образованието се приоритет за оваа влада, а за тоа говори фактот што годинава се обезбедени 1 милијарда денари за оваа намена, што е за 2,5 пати повеќе од ланскиот буџет.

Ова го истакна министерката за образование и наука за време на денешната заедничка посета со премиерот Зоран Заев на новоизградената спортска сала во состав на ОУ „Александар Здравковски“ во општина Јегуновце, каде меѓудругото, потенцираше и дека вложувањето во образовната инфраструктура е една од основните три компоненти на планот за модернизација на националниот образовен систем, покрај обезбедувањето на нови наставни програми и учебници и јакнењето на капацитетите на наставниот и стручниот кадар во училиштата.

„Ова е целосна инвестиција на МОН вредна 23 милиони денари и се реализира на најголемо задоволство на над 220 ученици кои посетуваат настава во ова училиште, но и на задоволство на наставниците, на локалното население, спортистите и спортските клубови кои секако ќе можат да ја користат под одредени услови во договор со раководството на училиштето. Станува збор за објект со површина од 650 квадратни метри, кој е опремен за повеќе спортови како одбојка, ракомет, кошарка, мал фудбал, гимнастика и пинг понг“, рече Царовска, посакувајќи салата да биде место каде младите ќе се едуцираат, ќе го одржуваат своето добро здравје и ќе одбираат да го практикуваат и после часовите за рекреација или професионално спортување.

Министерката изрази уверување дека оваа инвестиција нема да биде последна во општина Јегуновце, затоа што, како што рече нашите планови, односно плановите на МОН и на владата се насочени кон модернизација подеднакво на сите општини во државата.

Премиерот Зоран Заев изрази задоволство што на две недели пред почетокот на учебната година се пушта во употреба новата спортска сала, со што во ОУ „Александар Здравковски“, како што рече, создадени се сите неопходни услови за образовна и спортска средина, како дел од системот во кој едукацијата и организираните физички активности ќе го јакнат квалитетот на живот на младите генерации.

„За нас како Влада вложувањето во спортот, особено во спортски објекти во рамки на училиштата е важен фактор за развојот на прогресивно и инклузивно општество какво што е нашето“, потенцираше Заев.

Спортската сала е дел од проектот на МОН за изградба и опремување на училишни спортски сали и рехабилитација на училишни објекти, преку кој досега се изградени 90 спортски сали, а 7 се во фаза на градба.

Спонзорирано: