СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.
На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот, 31-годишникот е лишен од слобода и задржан во полициска станица. По барање на ОЈО, Основниот суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост.
Во врска со настанот, на 15.11.2026 во 08:50 часот во СВР Охрид, 51-годишна жена од Охрид, мајка на 31-годишникот, пријави дека 49-годишно лице, татко на девојката, на мобилен телефон упатило закани кон нејзиниот син и кон целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок.


