Од 15 ноември во Македонија важи законската обврска за поседување пропишана зимска опрема во возилата, независно од моменталните временски услови. Обврската продолжува до 15 март 2027 година, потсетува Авто-мото сојузот на Македонија.
Возачите треба да проверат дали нивното возило ги исполнува пропишаните услови, вклучително и соодветните гуми или дозволената комбинација на опрема според категоријата на возилото.
АМСМ препорачува особено внимателно возење на делниците каде што постои ризик од одрони и на патиштата со намалена видливост.


