Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Николовски од кумановско: Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно

Поради сериозноста на ситуацијата со пожарите, веднаш по заминувањето од Крушево, заедно со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се упативме на локациите во Ранковце, каде што има активни пожари, соопшти вицепремиерот Љупчо Николовски.

Службите се на терен, сите надлежни институции се активирани, со цел да се стави под контрола оваа состојба.

Состојбата ја следиме будно, координирано работиме со сите надлежни институции, со цел најитно спречување на поголеми штети. Од Ранковце, продолжуваме во регионот на Старо Нагоричане каде што исто така има активни пожари.

Државните органи се во полна подготвеност, да се справиме со ова успешно и ефикасно.

Вечерва остануваме на терен, заедно со граѓаните, со сите екипи, затоа што безбедноста, заштитата на населението и материјалните добра е наш врвен приоритет, рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +