20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕИЗБОР

Ова е златна крвна група: Ја имаат само 43 луѓе во целиот свет

Постојат четири основни типови на крвни групи – А, Б, АБ и 0, а нивната фреквенција првенствено зависи од нашето потекло или генетиката поврзана со групата народи на кои припаѓаме.

Четирите основни крвни групи се претвораат во осум од нив ако се земе предвид присуството или отсуството на Rh-фактор. Rh факторот, или резус факторот може да биде и позитивен и негативен, и се одредува со површински протеини на еритроцити, специфични за секоја крвна група. Во прилог на овие протеини, постои друг вид протеини што некои луѓе ги имаат, а некои не.

За оние што го имаат се вели дека се Rh позитивни, додека оние кои немаат Rh негативни. Повеќето луѓе се Rh-позитивни. Се проценува дека само 15 проценти од населението е Rh негативно. Сепак, постојат буквално милиони варијации на крвни групи, а најретката меѓу нив е онаа што ја делат само околу 40 луѓе во светот.

Овој тип е толку редок што има само 43 луѓе во светот со овој тип на крв, а до 1961 година, кога за прв пат беше дијагностициран кај Абориџина, лекарите мислеа дека ембриони со овој тип ќе умрат во матката. Оваа најретка крвна група нема ниту еден од 50 -те антигени од системот Резус и го доби своето име „златна“ затоа што е толку ретка.

Она што ја прави оваа крв посебна е тоа што е значително подобра како универзален донатор отколку крвната група 0 и е компатибилна со сите други ретки крвни групи, но за жал има само девет живи дарители во светот. Оваа крвна група се нарекува и златна крв, а оние кои ја имаат се почестени од една страна затоа што можат да спасат живот на секого, но доколку се во опасност, само девет луѓе во светот можат да им помогнат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Темпераментот на жената го открива крвната група: Ова многу ќе ве изненади

M T

Само 43 луѓе во светот имаат „златна крв“

M T

Луѓето со оваа крвна група имаат големи шанси да станат зависни од алкохол

M T

Крвната група го одредува карактерот на човекот, влијае на животот, работата и на љубовта

M T

Дали на секоја крвна група и е потребна посебна исхрана? – Лекар во својата книга со свое објаснување

M T

Еве што значи универзална крвна група

M T