Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Девојката која прва јавно проговори за ужасот на „Јавна соба“ со поддршка на новото кривично дело „Демнење“

Ана од Кавадарци, 28 годишната девојка која прва јавно проговори за ужасите од телеграф групата „Јавна соба“ и предизвика голем публицитет, во ново видео објавено на социјалните мрежи даде поддршка на измените на Кривичниот законик и воведувањето на новото кривично дело „Демнење“. Таа смета дека ова претставува само почеток на борбата за поголема заштита на жените од насилство и вознемирување.

-Сакам да ви кажам едно големо браво, на сите оние кои пред половина година го кренавте својот глас. Коментиравте, протестиравте и го споделувавте видеото и на тој начин успеавме да извршиме притисок, да проблемот кој постоел со години се реши. Еве дојде и тој ден. Навистина се чувствувам убаво дека тие измени во законот се направени и не опфаќаат сите нас, кажа Ана на видеото.

Објавувањето на нејзиното прво видео-сведоштво предизвика бура од реакции во јавноста, со што решавањето на овој проблем беше повод и за повеќе протести на граѓанските здруженија.

Инаку, Министерството за правда ги подготви, а Владата во вторникот ги усвои измените на Кривичниот законик каде што се имплементирани делови од Истанбулската конвенција, со која заштитата на жените од насилство и вознемирување се подига на високо ниво. Министерот Маричиќ на прес-конференција објави и дека се воведува ново кривично делото „Демнење“, со кое се предвидуваат затворски казни за вознемирување и закани преку интернет.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК