Centar.mk
СВЕТ

Русите потврдија: Мировните преговори со Украина се паузирани поради војната со Иран

Мировните разговори меѓу САД, Русија и Украина се на пауза поради војната со Иран, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на руски претставници.

Весникот наведува дека Кремљ ја потврдил паузата и дека војната со Иран би можела да го поттикне Киев кон компромис.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседателски претставник Кирил Дмитриев ќе продолжи да работи на инвестициите и економската соработка, но дека трилатералните разговори се паузирани.

„Кирил Дмитриев продолжува со својата работа. Трилатералната група е на пауза“, го цитираше Песков весникот „Известија“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Американец почина од хантавирус: „Изворот на инфекцијата сè уште се истражува“

C +

Нов Зеланд отпушта 14 проценти од вработените во јавниот сектор поради штедење

C +

Иран објави што сака од САД: укинување на санкциите, крај на блокадата и компензација

C +