Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани, напиша на „Фејсбук“, премиерот Зоран Заев.

„Во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Денот на сеќавањето на скопскиот земјотрес е и ден кога им изразуваме благодарност на сите кои со љубов и солидарност учествуваа во споделувањето на болката со преживеаните и што учествуваа во обновата на градот“, истакнува премиерот.

Тој нагласува дека Скопје прераснал во град на солидарноста, место на кое се обединиле пораките и молитвите за поддршка и за споделување на болката, за загубата.

„Скопје во својата долга историја никогаш не ги заборавал жртвите и своите граѓани и затоа и денеска, 58 години потоа, се сеќаваме на починатите во земјотресот и им оддаваме достојна почит“, порача премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Николоски за стопирање на биометриските проверки кон Грција: Не треба да правиме маркетинг туку да ја завршиме работата

C +