4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Марија Георгиевска: Пратениците да гласаат за ребалансот на Буџетот, со него се обезбедува поддршка за граѓаните и повисок економски раст

Прес-конференција на Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ:

Денеска пред пратениците е Ребалансот на Буџетот за 2021 година.

Ова е важен документ кој придонесува кон враќање на претходните стапки на економски раст, кој обезбедува поголема поддршка за економијата и граѓаните со крајна цел, целосно надминување на последиците од коронакризата.

Клучните цели на овој ребаланс се повеќе пари за капитални проекти, повеќе пари за здравството, повеќе пари за нови мерки за помош и повеќе пари за нови вработувања.

2,7 милијарди евра се издвојуваат за инвестиции во човечкиот капитал во образованието, здравството и социјалната заштита, што во споредба со периодот од пред три години е повеќе за над половина милијарда евра.

Ги зголемуваме и средствата за активни мерки за вработување, од 1,3 милијарди денари на рекордни 1,66 милијарди денари или 27 милиони евра.

Ова треба да резултира со нови работни места и дополнителен пад на стапката на невработеност која сега е на 16 отсто.

Споредено по области, со овој ребаланс, за земјоделството се обезбедуваат три милијарди денари, заштитата на животната средина се зајакнува преку нова програма за зелен развој со 685 милиони денари, додека за здравството се обезбедуваат дополнителни над шест милијарди денари.

За областа економски работи, каде се вклучени мерките за помош, се обезбедуваат дополнителни 6,8 милијарди денари.

Апелираме до сите пратеници од сите политички партии низ отворена и аргументирана дискусија да го усвојат овој ребаланс, кој е во насока на градење стабилна, развојна економија која ќе продуцира зголемен раст и носи шанса за сите.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме да креираме мерки и политики што значат поголема поддршка за стопанството, инвестиции во капитални проекти и подобар животен стандард за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Чарлс Трети денеска првпат ќе им се обрати на пратениците како монарх

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

Коциќ: Државничката одлука на мнозинството пратеници го отвори европскиот пат, македонскиот јазик во ЕУ

M T

Митрески: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го омаловажуваат македонскиот јазик

M T

МЗШВ: Со усвојувањето на ребалансот на Буџетот се исплаќаат субвенции кон 45 илјади земјоделци – За прв пат се воведува и можност за авансна исплата

M T

СДСМ: Ребалансот на буџетот во застој оти претседателот на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ си се шета во Египет

M T