Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

И ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии само ако во неа пишува Северна Македонија

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе ја поддржи резолуцијата за црвените линии во преговорите со Бугарија, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, само доколку се користи уставното име на државата.

Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако претходно и премиерот Зоран Заев излезе со истиот став по ова прашање.

Според министерот, прашањето за уставното име во резолуцијата е отворање нови проблеми, а не помош за затворање на проблемите.

Османи повика на внимателност.

„Не велам дека оваа резолуција може да направи штета, но мора да бидеме внимателни. Позициите што ги има во текстот на резолуцијата се позиции што МНР и Владата ги имаат како свој став во својата стратегија. Но, многу е важно во Собранието да има консензус и да не се отвораат дополнителни теми што може да наштетат на процесот“, рече Османи.

Можеби ќе ве интересира

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

ДЕСК

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

ДЕСК

Филипче за одлуката на Славески: Парите од криминалните тендери на ВМРО ОКГ и Вучиќ ќе продолжат да се перат, а парите на народот заробени

ДЕСК