6.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАМОЗАИКИЗБОР

Експерти за нега на кожата: Купувањето на овие осум производи е само фрлање пари

Ние повеќе од било кога знаеме колку е важно да не трошиме премногу, па затоа е паметно да размислиме дали купуваме производи што нема да го постигнат она што сме го замислиле.

Овие осум производи нема да ви помогнат да изгледате убаво.

1. Скапи средства за чистење на лицето

Средството за чистење на кожата останува многу кратко, само за да ги исчисти остатоците од шминка и други нечистотии и тоа е буквално сè што се бара од тоа – добро да се исчисти нечистотијата. Дерматологот Кристин Чои Ким од Санта Моника верува дека има нешто подобро во што може да се инвестира, а тоа е четка за чистење.

2. Современи производи за спречување на стареење на кожата

Змискиот отров или нешто слично може да звучи привлечно, па дури и да има некои придобивки, но ниту заедно нема научни докази, вели др. Ким.

3. Скапи креми за сончање

Најдобрата крема е онаа што ќе ја користите, и ако купувате врз основа на изгледот на пакувањето или мирисот, не го правете тоа повеќе и запомнете дека не треба да трошите многу пари за да го заштитите лицето од сонцето.

„Скапото пакување не значи подобар производ“, истакнува дерматологот.

4. Антицелулитни креми

„Целулитот е сложен проблем што ниту еден крем нема да го реши, затоа ве советувам да не ги вадите најскапите производи од полицата“, советува др. Ким.

Таа додава дека некои креми можат привремено да ја измазнуваат кожата, доколку содржат кофеин, помагаат и при излачување на вода, што е еден од главните проблеми на целулитот. Она што можете да го направите е да внимавате на вашата исхрана и вежбање.

5. Креми против стрии

Заобиколете ги, затоа што ако тие работеа никој немаше да има стрии.

Единствен исклучок е ретинолот, за кој се покажа дека го подобрува изгледот на стрии по шест месеци употреба. Покрај тоа, можете да разговарате со дерматолог за ласерски процедури, а некои од нив може да го стимулираат производството на колаген и на тој начин да го намалат видливото црвенило.

6. Производи за стеснување на порите

Многу производители не се целосно искрени кога ја нудат својата помош за вашите пори. Производите базирани на силикон можат да помогнат така што ќе бидат помалку видливи за кратко време, но ништо не ветува дека ќе исчезнат целосно.

Д-р Ким забележува дека порите ги одредува генетиката и ништо не може трајно да ги отстрани.

7. Препарати од салон

Нема некоја суштинска разлика при користење технологија и состојки за производи што можете да ги купите во салони, објаснува хемичарот Ренди Шулер.

8. Креми со висок заштитен фактор

Ако верувате дека фактор 100 ќе ги блокира УВ зраците двојно повеќе, вие не сте единствените. Еден од најголемите митови за заштита од сонце е дека висок фактор ќе заштити подобро, а тие всушност обезбедуваат само малку подобра заштита.

Реалноста е следна: Факторот 15 блокира 93 проценти, оној од 30 95 проценти и тој од 50 до 97 проценти. И покрај овие мали разлики, луѓето сè уште го купуваат кремот кој вели најголем број. Но, постои уште една стапица, а тоа е дека луѓето кои применуваат фактор 50 остануваат на сонце многу подолго отколку оние кои применуваат фактор 15 затоа што имаат поголемо чувство на сигурност.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – Едноставни трикови за здрава и свилена кожа

M T

ОВА е вистинската причина: Еве зошто изгледате ПОСТАРИ ОД ТОА ШТО СТЕ, ниту е поради генетика, ниту поради кожа

M T

Дали се ве чеша после туширање? – Еве што може да ја иритира вашата кожа

M T

Скандинавките имаат најчиста кожа: Ова се четирите тајни кои им помагаат во тоа

M T

ОВОЈ ЗНАК НА КОЖАТА СЕ ПОЈАВУВА ПРЕД СРЦЕВ УДАР: Може да ви го спаси животот

M T

Поранешна продавачка открива: „Овие производи и не се толку свежи“

M T