9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Кои витамини ви недостасуваат: Ова се симптомите

Соочени со пандемија на коронавирус, многу луѓе земаат дополнителни витамини, минерали и разни додатоци без да се консултираат со лекар.

Ова не е најдобро решение, бидејќи можеби само трошите пари, а во некои случаи, наместо да помогнете, може да му наштети на вашето здравје. Сепак, според одредени симптоми, можете да идентификувате кој витамин или минерал ви недостасува и да побарате помош од стручни лица.

Симптоми на недостаток на витамини:

Замор
Недостаток: железо.
Други симптоми: слаба концентрација, слаб апетит, слаба кожа, темни кругови под очите.
Добри извори: црвено месо, јајца, зелен зеленчук. Витаминот Ц помага во апсорпцијата, па затоа е добра идеја да пиете сок од лимон или портокал заедно со оброкот.

Чувствителна кожа
Недостаток: цинк.
Други симптоми: бавно заздравување на раните, бели дамки на ноктите.
Добри извори: ореви, семиња, цели зрна, сардини и црвено месо.

Проблеми со варењето на храната
Недостаток: витамин Б3.
Други симптоми: мускулна слабост, губење на апетит и разни проблеми со кожата.
Добри извори: посно месо, риба и ореви.

Грчеви во рацете и нозете
Недостаток: витамин Б6.
Други симптоми: воспаление на кожата, раздразливост, несоница и ПМС.
Добри извори: кафеав ориз, банани и пченка.

Паѓање на косата
Недостаток: витамин Б9.
Други симптоми: лупење на кожата, губење на апетит, бледило и замор.
Добри извори: бубрези, црн дроб, мешунки, јајца, риби, целер.

Трнење во рацете и нозете
Недостаток: витамин Б12.
Други симптоми вклучуваат губење на тежината и болка во грбот.
Добри извори: изнутрици, млечни производи, јајца и риба.

Болки во грбот и нозете
Недостаток: витамин Д.
Други симптоми вклучуваат болка во колковите, отежнато движење, слабост и зголемено потење.
Добри извори: сончање и престој на отворено.

Анксиозност
Недостаток: магнезиум.
Други симптоми: раздразливост и нервоза.
Добри извори: спанаќ, бадеми и леб од цели зрна.

Рани во устата
Недостаток: витамин А.
Други симптоми: чести настинки, првут, сува кожа, коса без сјај, склони кон акни и првут.
Добри извори: црн дроб, јајца, сирење и јогурт.

Збунетост
Недостаток: витамин Б1.
Други симптоми: гадење и чести промени на расположението.
Добри извори: ориз, цели зрна и грав.

Честа вртоглавица
Недостаток: железо.
Други симптоми: раздразливост, летаргија, забрзано чукање на срцето и слаба концентрација.
Добри извори: црвено месо, пилешко, темно зелен зеленчук и суво овошје.

Недостаток на енергија
Недостаток: магнезиум.
Други симптоми: гадење, летаргија, слабост и губење на ориентацијата.
Добри извори: риба, зелен лиснат зеленчук, минерална вода, ореви и цели зрна.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Важноста на витаминот Б12: Определете дали имате недостаток на овој додаток

M T

Дали користите суплементи и витамини? – Фрлате пари, велат научниците

M T

Нема добра КРВНА СЛИКА без овие ТРИ ВИТАМИНИ, а еве кои намирници најмногу ги содржат

M T

Вистинска ризница со минерали и витамини: Еве зошто е добро да се јаде млад кромид

M T

НЕОПХОДНО ЗА ИМУНИТЕТ – Недостигот на одредени витамини е најопасен во пролет

M T