16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Продолжуваме силно на терен меѓу граѓаните, СДСМ го носи најдоброто за секоја општина

Соопштение на СДСМ:

СДСМ, како водечка партија во државата, постојано е со граѓаните, заедно креира храбри мерки и политики што водат кон напредок.

Започнува нова фаза на интензивни теренски активности, СДСМ оди од врата на врата, пред домовите на нашите сограѓани.

Тимови во секоја општинска организација, партиски функционери и членови ќе го посетат секој дом, да разговараме за сработеното, но и да ги слушнеме нивните потреби и сугестии.

Партнерски, со граѓаните ја создаваме најдобрата програмска понуда на СДСМ, која ќе го подобри квалитетот на животот во секоја општина, на претстојните локални избори.

Сите предлози, коментари и барања кои ги добиваме на маалските и урбаните средби, на граѓанските трибини, веќе се анализираат и систематизираат. Еднаков пристап ќе заземеме и кон предлозите кои ќе стигнат преку проектот од врата до врата.

Во завршна фаза е и комплетирањето на Комисиите на СДСМ кои и за овие избори ќе имаат сериозна и одговорна улога во градење на програмската понуда, како и на мерките и политиките во соодветните сфери.

За неполн месец, одржавме над 750 маалски и урбани средби, 12 големи граѓански трибини, силно сме присутни меѓу граѓаните во секоја општина.

Пред граѓаните настапуваме отчетно за сработеното и и имаме право да го правиме тоа затоа што покажавме дека за нас зборот е збор.

Реализиравме над 70% од програмите во општините, реализиравме над 7.000 проекти на централно и локално ниво.

Нашата посветеност и ангажираност го носи најдоброто, подобар живот во секое населено место, концепт кој носи развој и интеграција.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар (ВИДЕО)

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 19 годишно девојче

ДЕСК

Во скопски хотел пронајден починат 44 годишник – полицијата истражува

ДЕСК