8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на пуштањето во употреба на времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со вицепремиерката на Република Косово, Емилија Реџепи и косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска го пуштија во употреба времениот граничен премин Стрезимир-Рестелица на границата помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, кој ќе биде отворен за минување на граѓаните од двете земји од денеска (18.07) до 01.09., секој ден од 08.00 до 20.00 часот.

За минување на границата ќе важат истите правила како и на другите гранични премини, односно важечка патна исправа (пасош или лична карта). Преминот е значаен за развојот на туризмот на општините од двете страни на границата, како и за меѓусебното поврзување на жителите од општините ќе ги задоволи потребите во овој период на граѓаните кои живеат на подрачјето на Општина Маврово и Ростуше, Република Северна Македонија и Општина Драгаш, Република Косово, а ќе ги користат во најголем број жителите на селата Ростуше, Велебрдо и Жировница – од македонска страна, и на селото Рестелица, од косовска страна.

Министерот Спасовски истакна: „Денешново отворање на времениот Граничен премин Стрезимир – Рестелица е уште една наша заедничка контрибуција во име на заедничките цели – граници што ќе бидат безбедни и отворени за граѓаните. Овој граничен премин, иако по својот обем и карактер е практично од локален тип, сепак е во интерес на жителите од пограничните региони, за нивно непречено транзитирање од двете страни на границата, независно дали станува збор за економски, приватни или други причини. Колку за илустрација, со оглед дека преминот по правило функционира во летниот период, на пример во текот на едномесечното работење во 2019 година регистрирани беа речиси 1.900 преминувања, што е респектабилна бројка за еден ваков времен граничен премин“.

Вицепремиерот на Република Косово, Емилија Реџепи во својот говор потенцираше отворањето на овој граничен премин е од исклучитечно значење за локалното население од овој регион, притоа изрази голема благодарност до министерот Спасовски за придонесот околу зближувањето на двете општини преку отворањето на овој граничен премин.

Министерот Спасовски додаде дека Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, градејќи една проактивна позиција, со цел континуирано унапредување и развој на граничната полициска служба, за поинтензивна соработка со сите соседи, а во насока на заедничко обезбедување на границите и регионалната безбедност, динамично продолжува со оваа своја практика и останува отворено кон сите регионални и европски иницијативи, програми, активности што се во интерес на граѓаните на Република Северна Македонија, но и на тие од регионот и соседството.
„Наше е, како институции, во доменот на своето работење и законски надлежности, постојано да даваме максимум во сервисирањето на потребите на нашите граѓани, да ги детектираме нивните потреби и интереси и во тој поглед да дејствуваме, унапредувајќи ги сервисните капацитети инфраструктурно, технички, нормативно“, порача министерот Спасовски, оценувајќи дека соработка со колегите од косовското Министерство за внатрешни работи, вклучително и во делот на граничното управување и граничната безбедност, од година во година бележи евидентен напредок.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T