Centar.mk
Uncategorized

НОВА АПЛИКАЦИЈА МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ – ЦУК подготвува систем за испраќање точна локација и видео при итни случаи

Центарот за управување со кризи е во завршна фаза од подготовката на нова мобилна апликација преку која граѓаните ќе можат полесно да побараат помош кога се соочуваат со опасност. Системот треба да овозможи испраќање прецизна географска локација, како и видеоснимка од непосредната околина.

Новата апликација ќе биде наменета за ситуации кога брзото утврдување на местоположбата може да биде пресудно за интервенцијата на службите. Преку дополнителните информации што ќе ги испрати корисникот, надлежните ќе можат подобро да ја проценат ситуацијата пред да пристигнат на терен.

Од ЦУК информираат дека апликацијата се подготвува за пробна употреба, а конечниот назив сè уште се избира. Меѓу предлозите се „Е-Помош“, „Спаси ме“ и „Лоцирај ме“. Датум за нејзино официјално пуштање во употреба засега не е потврден.

Можеби ќе ве интересира

Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

ДЕСК

ЦРНА ГОРА ГИ ИЗГЛАСА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Со 56 гласа воведена основа за проверка на интегритетот на министрите

ДЕСК

Стручната книга „Превентивна стоматологија“ ќе биде промовирана на Стоматолошкиот факултет

ДЕСК