Во денешно време е многу тешко да се одреди граница помеѓу работата и приватниот живот, што може да се рефлектира во љубовните врски.
Ако често се случува да ја носите работата со вас, да работите на одредени проекти со часови од дома или да да одговарате на куповите мејлови, може да предизвикате раскинување, покажува едно истражување на Универзитетот во Вирџинија.
Студијата докажа дека дури и ако не работите континуирано, туку само го проверувате вашиот меил на неколку часа, со текот на времето можете да ја загрозите емотивната врска, која ќе стане сè понапната.
Незадоволството на вашиот партнер ќе расте, а исто така и вашето, а секојдневно ќе се создаваат конфликти.
Интересно истражување откри дека едноставно постојаната достапност (телефонирање, проверка на дојдовна пошта, итн.) на долг рок создава незадоволство и стрес.
Значи, советот на научниците е да ги завршите своите должности на време, па дури и да останете подолго на работа, но не и да работите дома.