На некои луѓе им треба многу повеќе време да се одлучат за сериозна врска и заеднички живот, а тоа пак може да покаже дека тие се одговорни и не ја сфаќаат љубовната врска здраво за готово.
Обрнете внимание на некои работи во неговото однесување од моментот кога ќе се сретнете па натаму. На овој начин ќе знаете колку сериозно е заинтересиран за љубовна врска со вас, но и дали тој е вистинскиот човек за вас кој ќе ве прави среќни и исполнети во текот на целиот живот.
Не трошете време со некој кој не е премногу заинтересиран за вас, не ве почитува и со кого се чувствувате повеќе тажни отколку среќни повеќето време.
Ако мажот е вистински заинтересиран за сериозна врска, тој ќе сака да ги запознае вашите пријатели и семејство и нема да го избегне тоа. Исто така, ќе ве покани да се сретнете со неговите. Повеќето мажи ќе ви даваат комплименти тука и таму и ќе бидат заинтересирани за вашите желби и потреби. На пример, тие ќе се сетат која е вашата омилена боја, кога е вашиот роденден и сл.
Ако мажот постојано доцни или не се појавува на договореното место, тоа е добра причина да се сомневате во неговите сериозни намери. Исто е и ако не ви се јави или не одговори на пропуштените повици, СМС, пораки на социјалните мрежи итн.
Можете да сфатите дека тој не е за вас и по неговото однесување додека сте во друштво. Ако ве исмејува или ве омаловажува и не го интересира што ве става во непријатна ситуација, нема што повеќе да барате од него – не ви треба тоа во животот. Исто е кога му е поважно туѓото мислење од вашето.
Во суштина, ако не се чувствувате опуштено, безбедно, исполнето и среќно со него, тогаш прекинете ја таа врска. Не трошете време на некој што не ве заслужува затоа што светот е голем и има многу мажи кои би биле среќни што ве имаат и го ценат секој момент поминат со вас.