Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ИНЦИДЕНТ ВО КАЗИНО ВО КИСЕЛА ВОДА: Оштетен инвентар, активирани противпожарни апарати, неколку лица завршиле на Клиника

На 28.09.2026 во 02:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во казино на подрачјето на Кисела Вода, две лица ги вознемирувале гостите во објектот, а едниот од нив фрлил мобилен телефон кон едно женско лице, но не ја погодил.

Исто така, според пријавеното, лицата оштетиле дел од инвентарот и активирале противпожарни апарати, при што неколку лица – гости и вработени, поради проблеми со дишењето биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК

ОД УТРЕ ПОВТОРНО ДОЖД – Промена на времето, на планините можен слаб снег

ДЕСК