8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОРТОП ВЕСТИ

СДСМ: Дополнителни 1.100 стечајци ќе добиваат месечен финансиски надоместок

Соопштение на СДСМ:

Како одговорна партија во континуитет ги решаваме проблемите на граѓаните, го враќаме достоинството и градиме фер и праведно општество.

Владата предводена од СДСМ ги усвои измените на законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

1.100 стечајци ќе се стекнат со право да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34% од просечната месечна нето плата исплатена по работник во претходната година.

СДСМ во неколку наврати, од 2017 година, обезбеди финансиски месечен надоместок на невработените лица чиј работен однос престанал поради стечај, ликвидација и технолошки вишок, односно на стечајците.

Бројот на лицата, со новите измени, кои ќе добијат материјален надоместок до вработување или до пензионирање ќе се зголеми на речиси 13.000.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги злоупотребуваше и игнорираше проблемите на стечајците, Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за сите граѓани.

Исправаме неправда нанесена кон наши сограѓани, кои не по своја вина останале без работа и без месечен надоместок.

Остануваме целосно посветени на креирање и реализација на мерки и политики, со кои обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и достоинствени услови за живот за сите граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК