Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник на СДСМ, го имаме најдоброто за Валандово

На три до четири месеци пред изборите, ние како партија, тргнавме во постапка заедно со вас граѓаните, да го селектираме тоа што е најдобро и да го понудиме за следните локални избори, порача претседателот Заев на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.

– За некој ден ќе ги објавиме првите 20ина кандидати за градоначалници, на почетокот на август ќе ја објавиме втората група кандидати, а третата група кон крајот на август. Но, нема посоодветно место од Валандово, да го објавам првиот кандидат за градоначалник, за кој нема никакви дилеми ниту во општинската организација на СДСМ, ниту меѓу коалицијата, драго ми е да го објавам првиот градоначалник, кој ќе биде и избран на следните локални избори, Перо Костадинов, човек кој тоа го залужува. И ја користам приликата да ја упатам пораката до сите функционери: трудете се работе, служете му на народот и нема дилеми дека ќе ја добиете довербата и од граѓаните и од своето партиско ракводство, порача претседателот Заев,

Претседателот Заев најави дека постапката за останатите кандидати продолжува преку испитување на јавното мислење и анкетирање на членството.

– Сакам да ве информирам, дека сите социјалдемократи, ќе добиете викендов ќе имате електронско гласање, односно ќе добиете СМС порака преку која ќе се изјасните за кој кандидат за градоначалник ја давате вашата поддршка, а секако ќе следуваат и анкети насекаде низ државата, заклучи Заев.

Можеби ќе ве интересира

Пороен дожд, грмежи и силен ветер во делови од земјата

C +

(ФОТО) Со полициски пресретнувач санкциониран возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место каде дозволената брзина е 80 км на час, возилото е одземено

ДЕСК

Пратеникот Талевски на Пролетниот состанок на Меѓународниот секретаријат на ИПС на православието во Тбилиси

ДЕСК