Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: 10 милиони евра за поддршка на домашното стопанство преку бескаматни кредити од линијата Ковид 4

Соопштение на СДСМ:

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжува со вистинска, навремена грижа за домашното стопанство и домашната економија.

Во таа насока, промовирана е нова линија бескаматни кредити Ковид 4 наменета за занаетчиите, трговските поединци и приватните здравствени установи.

Преку Развојна банка за оваа линија кредити ќе се обезбедат нови 10 милиони евра кои ќе се слеат во стопанството.

Износот на кредитите ќе се движи од 3.000 до 30.000 евра и ќе биде дефиниран во зависност од бројот на вработените и падот на приходите, додека роковите за отплата траат од 36 до 42 месеци со грејс период од 12 месеци.

Со оваа кредитна линија е овозможена и грант компонента до 50% од висината на кредитот, доколку корисниците ги исполнуваат потребните услови, односно во 2021 година да имаат 5% повеќе вработени во споредба со 2020 година, а вкупните приходи во 2021 да се зголемени за 10% во однос на 2020 година или доколку е остварен само еден од условите може да добијат грантови од 20% или 30%.

Ова на дело ја потврдува силната финансиска поддршка за домашната економија, за спас на работните места и дополнително придвижување на економскиот раст.

Како одговорна, социјалдемократска партија која се води единствено од интересите на граѓаните, продолжуваме посветено да ги помагаме домашните компании, продолжуваме да градиме силна, развојна економија која носи шанса за сите.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК