Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пад на температурите и локален дожд – Метеоцентар со детална прогноза до крајот на неделата

До утре времето ќе биде сончево, многу топло и вдолж Повардарието температурите ќе бидат околу 40 степени. Насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури.

Од петок температурата ќе биде пониска за неколку степени, а облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 02.07.2021
Минимална температура: 12°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 37°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, особено во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. УВ=8

Прогноза за 03.07.2021
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Во пладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. УВ=8

Прогноза за 04.07.2021
Минимална температура: 9°C до 19°C
Максимална температура: 27°C до 36°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Техничката влада мора да остане, условите во општеството се како во 2016 година

C +

СДСМ: Со Мицкоски Македонија е во ранг со Сомалија, САД ја запре обработката на визи

C +

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

C +