22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Амбасадата на САД суштински поддржувач на здравствениот систем

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. Кејт Мари Брнз, и директорот на ИЈЗ, Шабан Мемемти, денеска направија обиколка во новата Biosafety level 3 лабораторија, како и микробиолошките лаборатории во Институтуот, чија разлизација и реконструкција беше изведена со донација од САД.
-Заедно со амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз го означуваме почетокот на работа на еден многу важен дел во целото менаџирање на оваа криза, а тоа е лабораторијата за миркобиологија во рамки на Институтот за јавно здравје. Токму Институтот изминатата година ипол интензивно работи на менаџирање на целокупната криза, како во делот на претклиничкото менаџирање, така и во делот на мерките и препораките. Вработените во оваа лабораторија цела измината година, практично 24 часа работат и ги зголемуваат капацитетите во делот на тестирањата, но и во овој дел што го направивме. Тоа е надградба која е единствена во регионот и има biosafety level 3, што значи дека се на соодветен начин акредитран да детектираат секаков тип патогени предизвикувачи на каква било болест – изјави министерот Филипче, потенцирајќи дека сме целосно подготвени да менаџираме каква било криза која во иднина евентуално може да се случи, во смисла на нов бран, не само нас, туку и во целиот регион.

Проектот што е донација од САД е започнат во 2018 година, пред да започне воопшто Ковид пандемијата, рече амбасадорката Брнз, посочувајќи дека оваа донација е инвестиција во здрaвствената безбедност на нашите како што рече „нашите партнери, што беше неопходна“.

– Ова е важен ден затоа што имам можност да го посетам финализирањето на проектот кој го започнавме уште во 2018 година. Проектот се реализираше и во услови на времетраењето на пандемијата и да се види завршувањето на овој проект ја потенцира заложбата на сите страни засегнати при реализацијата. На овој начин се потврдува дека со правилната инвестиција, може да се реализираат чуда. Особено сум горда што ова нуди нов потенцијал за напредување. Една од работите што ја научивме од пандемијата е дека можеме да ги победиме глобалните предизвици само со заеднички напор, со инвестирање во лекарите, во научниците. Како и во САД и тука вашите лекари и научници беа предводници на тој пат – изјави амбасадорката Брнз.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче и директорот на Институтот за јавно здравје д-р Шабан Мемети ја изразија својата благодарност до амбасадорката на САД Н.Е. Кејт Мари Брнз за поддршката во реализацијата на овој проект, како и за заложбите и придонесот во целокупниот процес при справувањето со ковид пандемијата.

– Посебна чест ми е да искажам кон народот на САД кои преку нивната амбасара на Северна Република Македонија и преку канцеларијата за одбрана покажаа разбирање и спремност за ова реновирање како и за донираната опрема во текот на целокупната пандемија. – изјави директорот на Институтот за јавно здравје д-р Шабан Мемети.

Со оваа донација од близу 570.000 долари, вкупната помош којашто САД ја дадоа на нашата земја да се зајакне целокупниот здравствен систем изнесува близу 2 милиони долари. Амбасадата на Соединетите Американски Држави е наш партнер во справување со пандемијата со Ковид 19 уште од самиот почеток. Благодарение на нивната поддршка во целокупниот изминат период во неколку наврати, во првиот и во вториот епидемиолошки бран беа надополнети залихите на лична заштитна опрема, како и на техничката опрема која беше неопходна за спроведување на работата на медицинскиот кадар. Медицинска опрема беше доделена за третман на пациентите заболени од вирусот во текот на првиот бран кога и најмногу ни требаше, која се состоеше од кислородни концентратори, мобилни ехо машини, ЕКГ машини и монитори за следење на состојбата на пациентите. Во текот на вториот епидемиолошки бран, значајна донација од страна на Амбасадата на САД доби и УК за Гинекологија и акушерство во Скопје, Специјализираната болница за геријатрија и палиативна нега 13-ти Ноември. За Институтот за јавно здравје беше обезбедена значителна донација на тестови за детектирање на Ковид 19 вирусот и дополнителна опрема за контрола и превенција во лабораторијата. Институтот за јавно здравје доби ПВР машина во реално време (PCR real time) машина која беше од особена важност за нас. Благодарение на сите овие донации се зголеми капацитетот за тестирање и дијагностика на Ковид 19 вирусот. Во изминатиот период со средства обезбедени од Амбасадата на САД во Македонија се реализираа проектите за обнова во Психијатриската болница во Демир Хисар и на Клиниката за максилофацијална хирургија во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Продолжувам да работам во интерес на пациентите и здравствените работници

M T

Филипче: Во 2022 година 5% зголемување на платите на сите вработени во здравство

M T

Филипче: Ургентниот центар во ГАК во Чаир опремен по сите европски стандарди

M T

Филипче: После 70 години целосно реновирани 1.300 квадратни метри на Клиниката за Ортопедија

M T

Филипче ги посети преживеаните во несреќата: Тие се во добра здравствена состојба

M T

Филипче: Обезбедивме квалитетна инсулинска терапија, за првпат сензори за мерење гликемија

M T