4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Средба на вицепремиерот Димитров со португалската амбасадорка Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина

Во пресрет на денешното заседавање на Советот за општи работи на ЕУ во Луксембург под португалско претседателство, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес оствари средба со амбасадорката на Португалија со седиште во Белград, Марија Вирџинија Мендес да Силва Пина.

На средбата беше дискутирано за активниот ангажман на португалското претседателство за отстранување на пречките за одржување на првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, при што вицепремиерот Димитров изрази благодарност за улогата на Португалија како искрен посредник во однос на европската перспектива на нашата држава.

Димитров: „Португалското претседателство навистина го одржа ветувањето дека во рамките на надлежностите и своите можности ќе направат сè што е во нивна моќ за да се динамизира европското досие на Северна Македонија. Португалскиот предлог е добра појдовна основа за решение, но и силен поттик за продолжување на реформскиот процес и инкорпорирање на европските вредности дома.

Посредничката мисија предводена од нашите португалски пријатели е многу важна и за зајакнување на кредибилитетот на Европската Унија и поместување на позициите во однос на процесот на проширување“.

Соговорниците разменија ставови за актуелните предизвици со кои се соочува Европската Унија и регионот, а кои беа дел од агендата на португалското претседателство и исполнувањето на приоритетите од агендата, како и перспективите за време на следното претседателство, кое Словенија го презема од 1 јули.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Путин по средбата со Си Џинпинг: Ја цениме балансираната позиција на Кина за Украина

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T