Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ кое е против реформите во образованието, денеска се вознемири од најавите дека ќе се бара преиспитување на откупот на учебници

Реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ кое е против реформите во образованието, денеска се вознемири од најавите дека ќе се бара преиспитување на откупот на учебници

ВМРО-ДПМНЕ партијата противник на секоја реформа во образованието, денеска се вознемири од најавите дека ќе се бара надлежни институции да го истражат и преиспитаат ексклузивниот откуп на учебници во периодот од 2014 па наваму.

Денешните напади на ВМРО-ДПМНЕ за транспарентноста на процесот со кој се бара преиспитување на договорите за Кембриџ програмата, се доказ за тесната поврзаност на оваа партија со милионските тендери во интерес на одредени издавачи и компании.

Kако одговорна владејачка партија СДСМ сите процеси ги спроведува отчетно и транспарентно. За првпат откупот на учебници се прави на исклучително транспарентен начин, затоа што имаме обврска кон граѓаните за трошењето на јавните пари.

Нашата цел е да обезбедиме квалитетно образование со квалитетни учебници и други наставни материјали и тоа ќе го оствариме без разлика на обидите за блокади на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК